НБА
Клиперс го уништи Бруклин со 59 разлика, Торонто стави крај на црната серија во пресметките со Бостон (ВИДЕО)

Тимот на Лос Анџелес Клиперс ја забележа најголемата победа во својата историја и тоа откако рано утрово го декласираше Бруклин Нетс со неверојатни 59 разлика.
Клубот од Калифорнија го разби противникот со 126:67 за 22. славје во тековнава сезона во НБА лигата. Интересно е тоа што првата четвртина не најави ваков резултат, заврши со изедначени 21:21 за да потоа избраниците на Лу го згмечат ривалот со 37:14, 44:16 и 24:16.
Ленард уфрли 23 поени, Харден имаше дабл-дабл учинок од 21 поен и 11 асистенции за 23 минути на теренот.
Торонто Репторс ја прекина пак црната серија во пресметките со Бостон Селтикс и по десет порази во низа успеа да слави со 110:97. Домаќините одиграа тимски, старната петорка беше двоцифрена, лидер беше Берет со 22 поени.
Причард со 20 кошеви беше прво име кај шампионот каде далеку под своето ниво беа Тејтум со 16 и Браун со 10 кошеви.
РЕЗУЛТАТИ:
Филаделфија – Њујорк никс 119:125 (прод.)
Торнто – Бостон 110:97
Чикаго – Атланта 94:110
Милвоки – Орландо 122:93
Њуорлеас – Далас 119:116
Сан Антонио – Мемфис 115:129
Денвер – Хјустон 108:128
Јута – Шарлот 112:117
Минесота – Голден стејт 115:116
ЛА Лејкерс – Мајами 117:108
ЛА Клиперс – Бруклин 126:67
-
НБА14 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет12 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Шпанија11 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Франција10 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА10 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Балкан14 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Англија23 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…
-
Лига на шампиони14 часа
Белингам со спомени од минатогодишното четвртфинале со Сити: Бев умрен од страв, но…..