Поврзете се со нас

НБА

Клиперс „гази“ се пред себе, трипл-дабл издание на Дејвис во триумфот на Лејкерс (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/LAClippers

Клубовите од Лос Анџелес, Клиперс и Лејкерс забележаа на гостувањата кај Атланта Хокс и Шарлот Хорнетс на средбите кои рано утрово се одиграа во НБА лигата.

Клиперс игра во страшна форма и на последните десет средби има само еден пораз и тоа од Кливлен Кавалирс. Избраниците на Лу ги добија „јастребите“ од Џорџија со 149:144 во средба во која Ленард беше прв стрелец со 36 поени, но тој имаше голема поддршка од Харден кој за 39 минути на теренот реализираше 30 кошеви со 8 скока, 10 асистенции и 2 украдени топки.

На Атланта не и помогна ниту тимската игра, шестмина играчи имаа 16 и повеќе кошеви, лидер беше Хантер со 27 поени.

Ентони Дејвис пак со својот трет трипл-дабл во кариерата го преводеше Лејкерс со триумф над Шарлот со 124:114. Центарот имаше 26 поени, 15 скока и 11 асистенции, исто толку поени уфрли и Џејмс, додека најефикасен беше Расел кој игра страшно во последно време (28 поени).

„Езерџиите“ со трите триумфи во низа дојдоа до позитивен учинок 27-25 и во моментов се наоѓаат на 9 место на Западот.

Инаку комбинацијата Бриџис-Милер за Хорнетс испорача 74 кошеви.

Резултати:
Шарлот – ЛА Лејкерс 118:124
Кливленд – Сакраменто 136:110
Филаделфија – Далас 102:118
Атланта – ЛА Клиперс 144:149
Бруклин – Голден Стејт 98:109
Њу Орлеанс – Торонто 138:100

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни