Клеберсон откри интересна приказна пред да потпише со Манчестер Јунајтед: Роналдињо ми рече дека заедно ќе играме на „Олд Трафорд“

roni-kleberson

Фудбалерот кој е посочен како една од најголемите трансфер утки на Манчестер Јунајтед, Клеберсон даде навистина интересен коментар за случувањата во 2003 година кога се договарал трансферот во Манчестер Јунајтед.

Клеберсон откри дека имал две понуди на маса, од Манчестер Јунајтед и Лидс и дека му било лесно да избере каде ќе игра.

– Имаше два клуба кои се интересираа за мене,Манчестер Јунајтед и Лидс. Изборот беше лесен, но има интересна приказна зад мојот трансфер. Кога се потврди интересот на Манчестер Јунајтед, јас бев со националниот тим во Франција на Купот на Конфедерациите. Јасно се сеќавам дека бев со Роналдињо и неговиот брат и агент. Тој ми рече: „Тие сакаат да не потпишат нас двајца“, а јас му реков да потпишеме за нив, -изјави Клеберсон кој за 7 милиони евра пристигна на „Олд Трафорд“.

Клеберсон не се снајде најдобро на „Театарот на соништата“ и по само две години се пресели во турскиот Бешикташ.

– Ми беше многу мило што Роналдињо ќе дојде со мене. Се вратив во Бразил и продолжив да преговарам со Манчестер, но Роналдињо ме зезна и замина каде што времето е потопло, во Барселона. Мене ме прати во Манчестер. Сега се шегуваме за тоа како тој ме намести тогаш, -заврши Клеберсон.

Facebook Коментари