Поврзете се со нас

Англија

Клатенбург: Судијата погреши пред голот на Ливерпул

Објавено

на

Марк Клатенбург од неодамна доби специфичен ангажман во премиерлигашот Нотингем Форест, а се најде во ситуација да ги критикува поранешните колеги на еден од првите натпревари како консултант на „шумарите“.

Поранешниот елитен англиски судија кој делеше правда и на финале на Лигата на шампионите смета дека Пол Тирни направил грешка на вчерашниот дуел со Ливерпул и тоа пред гостите да стигнат до драматичната победа со голот на Дарвин Нуњез.

Спорно за Клатенбург е што Тирни не им ја вратил топката на домашните фудбалери, иако таа беше во нивен посед кога е прекината играта поради повредата на Конате.

– Нотингем требаше да ја добие топката назад.

– Ако судијата ја прекинува играта, мора да ја врати топката кај екипата кај која била пред прекинот. А, топката беше кај Нотингем.

– Во случајов, топката му беше дадена на голманот на Ливерпул, а тие постигнаа гол малку подоцна, – рекол Клатенбург, објаснувајќи ја ситуациајата во која Ливерпул постигна гол 110 секунди подоцна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни