Поврзете се со нас

Англија

Клатенбург со интересна анегдота: И полицијата му се плашеше на Ферги

Објавено

на

 

Некогашниот најдобар англиски судија во моментов е топ тема на Островот откако излегоа детали од неговата автобиографија која сигурно ќе биде доста продавана, со оглед на неговото реноме и репутација во англискиот фудбал.

Во дел од автобиографијата која е објавена на „Дејли Мејл“ стои и една случка која на Клатенбург му се случила додека го судел натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Болтон од 2007 година кој припаднал во корист на аутсајдерот кој победил со 1:0.

Тогаш судијата влегол во клинч со Сер Алекс Фергусон кого морал и да го исклучи, а кога побарал од една полицајка да внимава тој да не се врати на теренот добил навистина неочекуван одговор.

– Сер Алекс Фергусон не се обидуваше да го сокрие неговиот бес за време на полувремето на натпреварот против Болтон. „Немаш никаква контрола, не ги штитиш моите фудбалери“- ми викаше.

– Ги обвинуваше фудбалерите на Болтон за секакви напади, а бесот го истури врз мене. Тоа го правеше постојано, а мене ми беше доста па го исклучив. Господе, го исклучив Ферги. Се тресев затоа што тогаш бев млад судија кој со 32 години го пробиваше патот во Премиер лигата.

– Имаше полицајка пред соблекувалната на Манчестер Јунајтед. Ја прашав дали може да го запре Сер Алекс да се врати назад на теренот з второто полувреме. Ми возврати: -„Јас? Зошто јас? Не го правам тоа“.

– И кажав дека таа е полицајка, но и таа се тресеше исто како и мене и не знаеше што да прави. Но, тоа беше моќта на тој човек, дури и полицијата му се плашеше, -стои во дел од автобиографијата на Клатенбург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни