Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Клатенбург откри детали од „жешката“ средба која ја имал Клоп по меч на „Бернабеу“: Не знае да губи

Објавено

на

Марк Клатенбург своевремено беше убедливо најдобар англиски судија и во тој период беше исклучително ценет и од страна на УЕФА и ФИФА, па како човек кој ги судеше најважните финалиња во 2016-та година (она во ЛШ и на ЕП), секогаш привлекува внимание со своите изјави поврзани за конверзациите со играчите и тренерите.

Клатенбург во својата автобиографија која ја објавува „Дејли Меил“ се најде во фокусот поради сликовитото објаснување на првата средба која ја имал со Јирген Клоп, кој во 2014-та година како предводник на Борусија Дортмунд со саркастичен коментар го поздравил судијата во подтрибинскиот простор.

Станува збор за четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите кој се одигра на „Сантијаго Бернабеу“, а кој „кралскиот клуб“ го доби со резултат 3:0. Клоп по средбата секако не бил воопшто расположен, но уште помалку кога видел како Клатенбург се фотографира со Бразилецот Марсело.

– По натпреварот, јас излегов од својата соблекувална и дефанзивецот Марсело и неговата сопруга побараа да се фотографираат со мене. Тоа беше приватна фотографија со нивен телефон и немав никаков проблем да прифатам.

– Клоп помина во моментите кога ја правевме фотографијата и порача „Ох, еве зошто не победија, така ли е“? Тоа не го кажа на хумористичен и пријателски начин, беше саркастичен и имаше жестина во неговиот тон. Му порачав дека треба да биде среќен што загубија само 3:0. Тоа што бев во Мадрид најверојатно ми даде храброст така да се обратам, но навистина ме налути тоа што таков тренер не знае да поднесе пораз. Клоп никогаш не е добар кога губи, кога победува се е во ред, но кога губи, многу е нервозен, – објаснува Клатенбург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни