Свет
Клатенбург објасни како е да им се суди на Роналдо, Меси и Суарез: Кристијано ме воодушеви, Лео ме потресе, а Луис го изненадив
Марк Клатенбург беше убедливо најдобар светски судија непосредно пред да реши да ја напушти Премиер лигата, па поради тоа, доби и задача да го суди големото финале на Европското првенство кое се одигра пред четири години.
Кога беше на врвот во елитата, Клатенбург одлучи да прифати понуда која не се одбива од Саудиска Арабија и веќе неколку години е неактивен, но затоа во оваа неочекувана фудбалска пауза, одлучи да се наврати на своите прекрасни спомени кои ги стекна на теренот.
Во интервјуто кое го направи за „Дејли меил“, Клатенбург направи една паралела за тоа како е да им се суди на Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Луис Суарез, со тоа што последен на редот го остави Уругваецот.
– Роналдо го почитувам поради капацитетот да ја подобри играта на својот тим кога е најтешко на теренот. Му судев додека беше млад во Премиер лигата, потоа и кога беше дел од Реал и секогаш одговараше на задачите. Кога влегувате на теренот, знаете дека има уникатен играч кој може да смени се во една секунда.Навистина имам добар однос со него, по финалето на Европското првенство во 2016-та година, се обиде да ме прегрне. До толку се почитуваме. Навистина ми беше жал што се повреди на тој меч толку рано. Исто така, се сеќавам дека после еден натпревар, во мојата соба имаше дрес испратен од него на кој пишуваше „Најдобри желби за Марк, Кристијано“. Не побарав такво нешто, тоа беше страшен гест и ме воодушеви, – открива Марк.
– Од друга страна, кога првпат му судев на Меси, емотивно се потресов. Беше на меч меѓу Барса и ПСЖ. Бев толку блиску до мене и беше неверојатно. Кога судите, мора добро да ја гледате топката. Со него на теренот, ја губите визијата на топката, замислете само како им е на дефанзивците кога јас не можев да го пратам. Морав да ја променам анализата на играта кога му судев него, како судија, секогаш сакате да бидете арбитар на меч на кој игра Меси, – додава Клатенбург кој за крај го остави Суарез.
– Првпат му судев на меч со Ајакс и постигна четири гола. Беше пргав и директен, како Диего Коста. Бев пресреќен кога потпиша за Ливерпул, знаев каков играч доаѓа во Премиер лигата. Секогаш игра на граница и мора да знаете добро да се носите со него. Секогаш ми зборуваше на шпански, дури и лоши работи, но еднаш му вратив и се изненади. Не очекуваше да знам лоши зборови на негов јазик.
-
Англија18 часа
Рашфорд и Асенсио дебитираа, Астон Вила преку Тотенхем до осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Фудбалер на Борнмут ги воодушеви фановите со начинот на кој изведе пенал (Видео)
-
Шпанија15 часа
Барселона ја разби Севилја и се врати во трка за титулата (ВИДЕО)
-
НБА24 часа
Татко на НБА ѕвезда исфрлен од арената на барање на судиите (Видео)
-
АБА лига22 часа
Голема драма во АБА: Мега искористи напад за победа од една секунда (Видео)
-
Англија23 часа
Мареска искрен за играч кој замина на заем: Не ни недостасува во тимот
-
Шпанија19 часа
Валенсија оствари победа вредна „шест“ бода (ВИДЕО)
-
Шпанија20 часа
Реал потврди повреда, Анчелоти остана без важен играч за гостувањето кај Сити