Поврзете се со нас

Англија

Клатенбург: Ливерпул доби два подарока од судиите против Кристал Палас

Објавено

на

Поранешниот англиски судија, Марк Клатенбург, ги коментирал спорните ситуации на дуелот меѓу Кристал Палас и Ливерпул и проценил дека домаќините биле оштетени со два гола на оваа средба.

Ливерпул победи со 1:3, а Клатенбург е убеден дека судиите требало да го поништат голот на Окслејд-Чембрлен, а исто така и да не го досудат пеналот во финишот на средбата.

– Судијата Кевин Френд требаше да ја задржи својата почетна одлука. Откако Жота остана без топката, се движеше нанапред и изнуди судир со голманот Гуаита, не ми е јасно зошто ВАР судијата Крег Поусон воопшто се инволвираше во оваа ситуација.

– Ова не беше класична грешка на главниот судија, тој го следеше дуелот и процени дека нема пенал. Штета што Френд не си ја задржа одлуката откако ја прегледуваше снимката, – вели Клатенбург.

– Истовремено, во Кристал Палас можат да бидат лути што не беше поништен вториот гол на Ливерпул. Кога Робертсон нафрли, Фирмино беше во офсајд, а фудбалерот на Ливерпул имаше влијание врз играта затоа што во спротивно, противничкиот играч ќе можеше лесно да исфрли, – смета поранешниот елитен УЕФА и ФИФА судија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни