Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Клатенбург: Голот на Рамос во финалето против Атлетико беше офсајд, доцна ја сфативме грешката!

Објавено

на

Марк Клатенбург долги години важеше за еден од најпрестижните судии во Европа и за најдобар во Премиер лигата, но годината 2016-та ќе остане посебно врежана во неговата меморија, бидејќи во период од 40-тина дена, ја делеше правдата на најважните европски натпревари.

Клатенбург беше задолжен за арбитража на големото финале на Европското првенство во кое Португалија стигна до историска титула, а претходно, судеше и во големото финале во Лигата на шампионите Милано.

Тоа што претставуваше реприза на финалето од две години претходно во Спортинг се претвори во вистинска драма со пенал завршница, но во истата одново подобар беше Реал Мадрид кој се израдува на нова европска титула во дуелот со лутиот градски ривал Атлетико.

„Душекџиите“ посебно болно го претрпеа вториот пораз од „кралевите“ кои го доживеаја на доста непосакуван начин,  а сега Марк Клатенбург додеа сол на раната, такашто призна дека направил грешка заедно со неговиоте помошници, бидејќи голот кој го постигна Серхио Рамос за водство од 1:0 бил чист офсајд.

– Во тоа финале, Реал Мадрид поведе со 1:0 во првото полувреме, но голот беше постигнат од офсајд. Иако стануваше збор за мал офсајд, тоа беше недозволена позиција. Сфативме дека направивме грешка полувремето, но веќе беше доцна. Тоа беше многу тешка акција и мојот помошник погреши, – изјави Клатенбург за „Дејли меил“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни