Поврзете се со нас

Боречки спортови

Класата покажана на дело: Што изјави Георгиевски пред да отпатува за Токио (Видео)

Објавено

на

Дејан Георгиевски со три величествени изданија обезбеди финале на Олимписките игри во Токио, борба која е на програмата ова попладне по македонско време во 14:45 часот.

Македонскиот таеквондо „тајфун“ со својот агресивен пристап и извонредна техника не им даде никаква шанса на своите ривали и успешно нанижа три победи, а сега во големото финале ќе го има најголемиот предизвик.

Противник на Георгиевски ќе биде главниот фаворит и светски шампион Владислав Ларин, дуел на кој македонскиот натпреварувач ќе се обиде дополнително да ја збогати историјата и да стигне до златен медал.

Дејан веќе испиша историја и стана првиот македонски олимпиец кој се пласирал во финале по осамостојувањето на нашата земја, но овој резултат има уште поголема тежина бидејќи Георгиевски веруваше во такво нешто уште пред да замине за Токио.

– Јас сум Дејан Георгиевски, олимпиец. Ќе се натпреварувам во таеквондо, во категорија +80 килограми. На Олимписките игри се 16-те најдобри натпреварувачки, конкуренцијата е пеколна, но со повеќето од нив имам победувано и ме имаат победувано. Јас сум сигурен дека можам да победам било кого на овој свет и ветувам дека од таму ќе донесам медал, – гласи пораката на Георгиевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни