Поврзете се со нас

Свет

Класата е вечна: „Магионичарот“ Кутињо си поигра со двајца играчи на Палмеирас и стана вирален хит(Видео)

Објавено

на

Foto: Matheus Lima /instagram.com/vascodagama

Филипе Кутињо е прекуброен во тимот на Унаи Емери и поради тоа повторно беше ослободен од Астон Вила, клуб кој го прати на втора позајмица во период од една година.

По авантурата во Ал Духаил, Кутињо реши да се врати во својата родна земја и да заигра за матичниот клуб, па откако постигна гол за Васко де Гама во дербито со Фламенго, сега воодушеви и на втор меч во низа.

Поранешниот бразилски репрезентативец доби шанса против Палмеирас во второто полувреме, а начинот на кој се ослободи од двајца противнички играчи направи видеото да стане вирален хит.

Кутињо имаше бавен старт на сезоната поради повреда и отсуствуваше на неколку натпревари за Васко де Гама, но на последните два меча покажа дека ќе биде големо засилување за матичниот клуб.

Филипе режираше една фудбалска бравура на средината на теренот и со елегантни потези се ослободи од двајца чувари, кои дефинитивно испаднаа смешни во дадената ситуација.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни