Класа за себе: Компани им одржа лекција на своите навивачи за да го заштити Мињоле! (Видео)

kompani-1

Венсан Компани отстапи од позицијата на менаџер по ужасниот старт на сезоанта на Андерлехт, па сега само ја има улогата на играч, односно на капитен на фудбалскиот великан од Белгија.

Без никаков сомнеж, Андерлехт оваа сезона преживува едни од најлошите моменти во поновата историја, а на тоа се надоврза и денешниот пораз во големото дерби со Клуб Бриж. Домаќините загубија со 1:2, а во самата завршница на мечот, настана хаос на стадионот „Лото Парк“.

Нервозните фанови на Андерлехт фрлија петарда во голманскиот простор и експлозивната направа пукна во близина на Мињоле, а тоа воопшто не му се допадна на Компани. Како капитен, тој влезе во расправија со своите фанови и им порача дека тоа што го прават е крајно несовесно, а потоа го врати Мињоле на голот и мечот можеше да продолжи. Потег кој само докажува каков фудбалски џентлмен е доскорешниот капитен на Пеп Гвардиола и Манчестер Сити….

Facebook Коментари