Поврзете се со нас

Лига на нации

Клакштајн: Честитки до Македонија, во вакви тесни натпревари…

Објавено

на

Селекцијата на Фарски Острови уште еднаш се покажа како цврст и сериозен противник, но македонската репрезентација за разлика од првата средба во Торшавн (1-1) успеа да пронајде решение и да забележи победа на соочувањето на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Македонија триумфираше со 1-о со погодокот на Бојан Миовски за петто славје во низа во Лигата на нации за уште една потврда за доминацијата, првото место во групата, влезот во Б дивизијата, но и можноста да дојдеме до баражот за Светското првенство ако ни се поклопат резултатите во останатите групи.

Селекторот на Фараните, Ејдун Клакштајн ја пофали нашата репрезентација за која истакна дека секогаш пронаоѓа начин да ги добие овие тесни натпревари.

-Беше мошне изедначен натпревар кој беше решен од еден гол. Македонија имаше повеќе посед на топката, а ние ги пропуштивме нашите шанси. Пред овие два натпревари имавме цел да обезбедиме опстанок во Ц дивизијата, а успеавме тоа да го направиме со победата во Ерменија. Благодарение на резултатот од натпреварот од мечот во Летонија и со нерешено можевме да влеземе и во плеј-оф, но направивме грешка и ја испуштивме таа шанса.

-Им честитам на играчите на Македонија, имаа одлична кампања. Во ваквите тесни натпревари успеваа да извадат нешто повеќе и тоа е причината за нивниот резултат, -порача Клакштајн.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни