Поврзете се со нас

Шпанија

Клајверт заминува од Барселона

Објавено

на

Патрик Клајверт веќе се збогувал со своите колеги од младинската академија на Барселона, бидејќи станало јасно дека ќе го напушти клубот.

Поранешниот холандски напаѓач ја водеше „Ла Масија“ последните две години, но раководството предводено од Жоан Лапорта не се одлучило да му понуди продолжување на соработката.

Каталонските медиуми велат дека главен фаворит да го наследи Клајвер е Жозе Рамон Алешанко, но Барселона засега не ја коментира оваа тема.

Клајверт настапуваше за Барселона меѓу 1998 и 2004 година, постигнувајќи 122 голови во дресот на шпанскиот великан.

Актуелната функција ја извршува од 2019 година, но се чини дека Лапорта не сака да го задржи во клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни