Поврзете се со нас

Англија

Клајверт промаши празен гол, Ливерпул казни и го освои „Виталити“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/premierleague

Лидерот во англиската Премиер лига Ливерпул успеа да го освои целиот плен на незгодното гостување кај Борнмут, екипа која заедно со Нотингем Форест е најпријатното изненадување во досегашниот тек на натпреварувачката 2024/2025.

Тешко е да се совлада Борнмут на негов терен и тоа добро го знаат Манчестер Сити и Арсенал кои останаа со празни раце на „Виталити“, сценарио кое не се повтори со Ливерпул со тоа што мора да се каже дека избраниците на Арне Слот имаат доста среќа затоа што домаќините двапати ја погодија рамката од голот на Бекер, а при втората ситуација во 70 минута при резултат 1-0 за фаворитот, Клајверт се посрамоти и промаши празен гол.

Потоа стигна казната преку Салах кој во 75 минута кој со својот втор погодок ги постави конечните 2-0. (ОВДЕ погледнете ги головите)

„Црвените“ сега имаат 56 бода, девет повеќе од второпласираниот Арсенал кого го очекува дербито со Манчестер Сити.

РЕЗУЛТАТИ:

Њукасл-Фулам 1-2

Ипсвич-Саутемптон 1-2

Евертон-Лестер 4-0

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни