Шпанија
Клајверт препорача двајца напаѓачи за Барселона: Левандовски мора да има замена

Патрик Клајверт како поранешен напаѓач на Барселона ги следи сите случувања на „Камп Ноу“ и не може да го игнорира напредокот кој го направи тимот под водство на Чави, но легендарниот Холанѓанец добро знае дека во фудбалот не може да се остане мирен и секоја сезона е предизвик сама за себе.
Поранешниот голгетер смета дека Барса мора да го засили тимот за наредната сезона доколку сака да направи исчекор, односно потенцира дека Чави мора да има замена за Роберт Левандовски.
Полјакот го донесе квалитетот кој сите го очекуваа по трансферот кој го направи од Барселона, но реалност е дека Чави нема класична деветка како замена во отсуство на Леви.
Клајверт си даде за право да именува двајца играчи кои можат да бидат интересни опции на трансфер пазарот, од кои едниот е талентираниот Гонсало Рамос, а вториот Роберто Фирмино.
– После Левандовски, потребно е да имате уште еден централен напаѓач. Мора да се има замена за Левандовски. Мене лично, многу ми се допаѓа Гонсало Рамос од Португалија. Фантастичен е во Португалија и во Бенфика. Интересен играч би бил и Фирмино кој би стигнал како слободен агент. Останатите позиции се добро покриени во Барселона, – смета Клајверт.
-
Англијапред 20 часа
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 17 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
АТПпред 10 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
Светпред 22 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 19 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 21 час
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 13 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)