Поврзете се со нас

Шпанија

Клајверт: Лапорта дојде и си стави свој познаник на мое место

Објавено

на

Патрик Клајверт е тесно поврзан со Барселона поради своето минато во клубот како играч, но и поради тоа што неодамна беше избркан по пристигнувањето на Жоан Лапорта.

Вториот мандат на Лапорта започна со неколку промени, а една од нив беше и заминувањето на легендарниот голгетер кој дотогаш ја извршуваше функцијата директор на младинскиот погон, односно човек кој е задолжен на регрутација на играчи во младинскиот сектор.

Холанѓанецот и покрај ваквиот крај се уште ги следи случувањата во клубот, најмногу поради фактот што неговиот син е дел од „Ла Масија“ школата.

– Мојот син игра во Кадетите А на Барселона и постојано сум во тек со сето она што се случува во клубот. Мојот син е многу задоволен во Барса, а што се однесува до мене, не беше моја вина што си заминав. Дојде новиот претседател Лапорта и на мое место стави негов добар познаник. Не добив објаснување и тоа за мене беше чудно. Сепак, мора да се почитуваат одлуките и без проблеми си заминав, – открива Клајверт во интервјуто за „Кадена Сер“, во кое го коментирал и успехот на Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

– Сите видовме дека Реал стигна до 14-та титула во Европа. Тоа беше неверојатно, но во ниту еден случај не беше среќа. Нема среќа, тие се бореа и стигнаа до трофејот, – заклучува Клајверт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни