Клајверт јавно го посоветува син му Џастин што да направи во врска со интересот на европските гиганти

dzastin-klajvert-3223898932

Напаѓачот на Ајакс Џастин Клајверт е еден од најбараните млади играчи во Европа и неговиот татко, холандската легенда Патрик Клајверт, јавно го посоветува 18-годишникот што да направи во врска со интересот на европските гиганти.

Младиот Клајверт самиот кажа дека би сакал да игра за некои од најголемите клубови во Премиер лигата, како Арсенал, Тотенхем, Челси и Манчестер Јунајтед, па се очекува во летниот преоден рок да има вистинско наддавање за него, со оглед на тоа што го следат и Барселона и Реал Мадрид.

– На Џастин му оди многу добро и мора да продолжи така. Но, мора да остане цврсто со нозете на земја. Сум му кажал дека има само 18 години и треба да биде опуштен и да остане уште година-две во Ајакс. Кога ќе отидеш во друга земја, друго натпреварување, треба да бидеш силен и ментално и физички. Не смее да си замине прерано – изјави Клајверт за „Кадена Сер“.

Facebook Коментари