Клајверт дрско го „олади“ Марадона, Дон Диего не можеше да поверува на реакцијата (Видео)

klajvert-bolt

Под покровителство на „Hublot“ голем дел фудбалски легенди од минатото одиграа пријалтелски натпревар на минијатурен терен, а покрај пријателските насмевки и фудбалски „препукувања“ кои можеа да се видат во Швајцарија, за жал беше виден и еден неочекуван и дрзок потег од страна на Патрик Клајверт.

Холанѓанецот беше дел од тимот кој го предводеше Жозе Мурињо, а во кој уште беше и Јусеин Болт како специјален гости, но она што посебно шокираше е начинот на кој поранешниот напаѓач на Барселона го олади еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот.

Од непознати причини, Клајверт дрско го „олади“ Марадона и само на него не му подаде рака во ситуација кога се поздрави со сите останати, а реакцијата на вчудоневидениот Дон Диего најдобро ни говори колку не очекуваше вакво нешто.

Светските медиуми брзо го пренесоа овој неспортски потег на Холанѓанецот, а барем засега непознато е на што се должи ваквата реакција на Патрик.

Facebook Коментари