КК Работнички: Бројот на билети за дербито со МЗТ Скопје ќе биде лимитиран

Rabotnicki-MZT2018

Екипата на Работнички го презема сите мерки пред големото утрешно дерби против МЗТ Скопје во „Градски Парк“, па откако вчера беше побарано фер, коректно, спортско навивање и однесување денеска беше испратена информација дека билетите за оваа средба ќе бидат ограничени.

Ова е известувањето од центарци:

Почитувани,
Ве известуваме дека бројот на билети за неделното дерби помеѓу КК Работнички и КК МЗТ Скопје, од 19ч., ќе биде лимитиран. Сето ова е поради обезбедување на сите потребни услови за одигрување на натпреварот. За да не дозволиме да се случи некаков инцидент и да овозможиме безбедни услови за сите, Ве известуваме дека ќе има и строги контроли на секој од влезовите во салата ,,Градски Парк,,. Упатуваме силен апел за фер и спортско навивање, во убав спортски амбиент да ги бодриме нашите кошаркари и утре да биде вистински празник на кошарката. Да докажеме дека знаеме и можеме достоинствено да навиваме и дека нашата публика е најдобрата на светот.
Ве информираме дека влезници ќе има само за трибина ,,А,, кои ќе можете да ги обезбедите во периодот од 16:30 до 18ч. со донации во кутиите кои ќе бидат поставени на видно место пред нашиот кошаркарски храм. Како и минатиот пат, така и сега, паричните средства собрани од овој натпревар ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Со почит и спортски поздрав,
Ваш КК Работнички

Facebook Коментари