Поврзете се со нас

Македонија

КК Гостивар: Имало и ќе има неспортско навивање, ама гостински играчи да се пресметуваат…

Објавено

на

Вчерашниот меч меѓу Гостивар и Пелистер, донесе драма, неизвесност и истиот им припадна на гостите од Битола со 89:84.

Меѓутоа средбата во салата „Младост“ донесе инциденти, немили сцени и на крајот истиот заврши со по само пет кошаркари од двете страни. Доправа ќе видиме каква ќе биде ракцијата на македнската кошаркарска федерација, а во меѓувреме со соопштение се огласија од таборот на Гостивар.

-Клубот КК Гостивар ги осудува вчерашните настани кои немаат допирна точка со спортот и кошарката, на многу натпревари имало и ќе има спортско и неспортско навивање од страна на публиката, но ретко имало случај каде гостинските играчи се пресметувале физички и вербално со публика и членови на домашниот тим.

-Сите тие настани доведоа до тоа да се прекине натпреварот при водство на нашиот тим. Благодарение на брзата и професионална интервенција на полицијата се спречи инцидент од поголеми размери. Оставаме на Федерација да ја реши ситуацијата во интерес на спортот и со тоа се надеваме дека во иднина нема да бидеме сведоци на вакви немили настани, -порачаа гостиварци.

По ова се огласија и од Битола каде порачаа:

Кошаркарскиот клуб- Пелистер чувствува потреба да ја изнесе во јавноста ситуацијата која ја затекнавме на натпреварот од осмото коло на Суперлигата 2021/22 против Гостивар.
Нашиот клуб ја поздравува исполнетоста на спортската сала „Младост“ во Гостивар и кошаркарскиот амбиент со кој секогаш се среќаваме кога гостуваме во овој кошаркарски град.
Вистинско задоволство е да се игра во таков амбиент и веруваме дека така ќе биде и во иднина.
По постојаните непристојни провокации, вулгарни дофрлувања, фрлања на предмети од трибините во текот на целиот натпревар и дополнително на тоа неспортски провокации од клупата и кошаркарите на Гостивар кон нашите кошаркари, во финишот од натпреварот се случи ескалација на зовриената атмосфера и немилиот настан ескалира.
Нашата екипа беше класично нападната од сите страни, гаѓани со секаков вид на тврди предмети и во тој хаос секоја се снаоѓаше како знае и умее. За жал најмногу настрада тренерот на екипата Марјан Илиевски, кој беше погоден со тврд предмет во главата.
Делителите на правдата максимално професионално ја изменаџираа и тоа како деликатната ситуација, за која што ние како клуб максимално дадовме поддршка, а се во интерес на кошарката, се овозможија услови натпреварот да продолжи.
КК Пелистер најостро го осудува секој вид на ваков тип инциденти и вакво неспортско навивање со постојано фрлање предмети на теренот и лично заканување кон кошаркарите од страна на публиката.
Се надеваме дека во иднина вакви ситуации нема да се случуваат и вистинските љубители на кошарката ќе уживаат во преостанатиот дел од возбудливото првенство на Македонија, -истакна директорот Мартин Јовановски.
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни