Поврзете се со нас

НБА

Кјубан, Кид и Новицки пристигнале во Словенија – целта е потписот на Дончиќ

Објавено

на

Лука Дончиќ одмора во Словенија по крајот на Олимписките игри во Токио, а раководството на Далас Маверикс направи потег со кој само потврди колку ја цени својата најголема ѕвезда.

Сопственикот Марк Кјубан пристигнал во Љубљана заедно со тренерот Џејсон Кид, Дирк Новицки и уште неколку членови на раководството, а очигледно главната цел е да се добие потписот на подготвениот нов договор.

Се работи за договор кој ќе биде валиден од сезоната 2022/23 кога му истекува актуелниот, а со кој ќе се обврзе кон Далас на уште пет години и ќе заработи над 200 милиони долари.

Дончиќ ќе заработи 10,2 милиони долари за претстојната сезона, а со новиот договор ќе може да добие многу поголема сума поради својот ефект во НБА лигата последните две сезони.

Најавите на словенечките и американските медиуми се дека потпишувањето на договорот ќе се случи најдоцна до утре, по што делегацијата на Далас ќе отпатува во Летонија каде домаќин ќе им биде Кристапс Порзингис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни