Ќира Блажевиќ пред дуелот со Каспаров: Еве ти к…. нема да ме победиш!

ciro-blazevic

Легендарниот хрватски тренер Мирослав Ќира Блажевиќ се најде во центарот на вниманието на хрватските медиуми со начинот на кој ја најави симултанката против поранешниот светски шаховски шампион Гари Каспаров.

Каспаров кој важи за еден од најдобрите шахисти во историјата утре во Загреб ќе одигра симултанка на дваесетина табли, а еден од неговите противници ќе биде токму Блажевиќ. Тој вели дека нема лесно да се предаде и ќе се обиде да го изненади фаворитот.

– Многу сум мобилизиран и возбуден. Убеден сум дека сум добар шахист и ќе се обидам да направам некое чудо. Тоа би ми бил еден од животните успеси, барем да не изгубам од Каспаров. Последните две-три години имам одиграно над 500 партии и планирам да му поставам неколку замки. Тоа ќе биде класичен бункер, но сигурен сум дека можам да го изненадам.

Ќе му ја стиснам раката и ќе му речам „еве ти к…ц, нема да ме победиш, – вели во свој стил Блажевиќ.

Facebook Коментари