Поврзете се со нас

Англија

Кјелини: Жал ми е за Мегваер, ако сакате да станете…

Објавено

на

Хари Мегваер е еден од најкритикуваните фудбалери во последните сезони особено по преселбата во Манчестер Јунајтед.

Тие критики на јавноста понекогаш се брутални, но и претерани и најдобар доказ за тоа е потегот на легендата на Арсенал, Пол Мерсон кој одлучил да му се извини на дефанзивецот откако почувствувал дека претерал со зборовите, коментарите за англискиот репрезентативец.

Легенда на Арсенал му се јавил на Мегваер за да му се извини за бруталното понижување

Џорџо Кјелини многу добро знае што значи да се игра во одбраната, да се биде лидер, па говорејќи за англиската селекција тој посочи дека му е навистина жал за тоа што му се слуува на членот на Јунајтед.

-Понекогаш ми е жал за Мегваер. Тој е добар играч, но од него се бара премногу. Дали мора на секој натпревар да биде најдобар дефанзивец во светот само затоа што Манчестер Јунајтед го купи за 80 милиони фунти? Ова не е правилно. Трансфер вредноста на играчот зависи од многу фактори кои се надвор од негова контрола. Цената на Мегваер не е негова вина.

-Мегваер и Џон Стоунс се добар централен пар. Во ред, можеби Мегваер не е Рио Фердинанд, но тој е доволно добар. Исвиркувањето не и помага на Англија. Ако сакате да станете светски шампиони, не треба да имате проблеми со главните играчи, а Мегваер секако е меѓу нив,-вели Џорџо за „Тајмс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни