Поврзете се со нас

Светски првенства

Кјелини за фијаското во баражот: Поразот од Македонија е неприфатлив!

Објавено

на

Италија и Аргентина на први јуни ќе се сретнат во големиот фудбалски спектакл кој ќе се одржи на „Вембли“, натпревар кој специјално е организиран како фудбалско вкрстување меѓу европскиот и јужноамериканскиот шампион.

Средбата која ќе се одигра за два дена ќе биде и последна за Кјелини како италијански репрезентативец, па токму поради најавеното збогувњае, легендарниот капитен на Јувентус зборуваше за сите подеми, но и падови во селекцијата.

Судбината посака Кјелини да не може да се одјави на едно Светско првенство, а причина за тоа е македонската фудбалска репрезентација која приреди сензација и која ја шокираше цела Италија со победата во Палермо.

Истата дојде само неколку месеци по големиот успех на Европското првенство, па Кјелини и два месеци по неуспехот со Македонија, го дели истиот став како неколку часа по мечот.

– По победата на Европското првенство, не успеавме да победиме против Бугарија, меч кој дојде прерано за нас по големиот успех. Тоа реми го компромитираше целиот тек на квалификациите и потоа дојдовме во завршните натпревари без важни играчи.

– Во репрезентацијата има голем избор, но ние создаовме посебна хемија со одредна група и се плаќа цената кога има важни отсуства. Успехот на „Вемлби“ и Европското првенство не напои со среќа и слава и можеби ја плативме цената за тоа. Ќе беше во ред да загубиме од Португалија на нејзин терен во баражот, но мораше да стигнеме до тој меч. Поразот од Македонија е неприфатлив, – вели Кјелини во интервјуто за „Газета“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни