Поврзете се со нас

Италија

Кјелини за „бегството“ на Бонучи: Трансферот во таков Милан беше нелогичен

Објавено

на

Џорџо Кјелини дигна многу прашина со својата автобиографска книга, во која отворено зборува на различни теми, а сега медиумите го објавија делот поврзан со неговиот актуелен соиграч, Леонардо Бонучи.

Пред две сезони, Бонучи ги шокираше фановите на Јувентус откако направи трансфер во Милан, но реши да се врати во Торино само една година подоцна.

Кјелини признава дека бил непријатно изненаден од овој потег и бил сигурен дека е голема грешка, бидејќи Милан немал состав со голем потенцијал.

– Направи погрешен потег, очигледно не размислуваше најтрезвено, во тие моменти беше под притисок од повеќе аспекти. Жал ми е што ја донесе одлуката во период кога не се гледавме, да бев до него сигурен сум дека ќе го премислев. Истото се случи и со Конте во 2014 година, секогаш заминуваат кога не сум таму.

– Она што го направи Лео немаше никаква логика. Разбирам да заминеше во Реал Мадрид, но да оди во таков Милан? За среќа работите се вратија на место, – напишал Кјелини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни