Поврзете се со нас

Европски првенства

Кјелини виде слика од фамозниот старт над Сака и даде детално објаснување за својата постапка(Видео)

Објавено

на

Џорџо Кјелини стави крај на својата репрезентативна кариера на „Финалисима“ натпреварот против Аргентина, една година по неговиот најголем успех како стопер на „аѕурите“.

Минатото лето, Италија стана европски шампион на „Вембли“ и ја расплака цела англиска нација, бидејќи ја победи селекцијата на Саутгејт на нејзин терен.

Финалето ќе остане запаметено по големиот триумф на Италијанците, но и по фамозниот старт на Кјелини кој буквално го грабна и го фрли Сака на земја во 96-та минута при резултат 1:1.

– Тоа стана симбол за Европското првенство и се претвори во најпопуларно меме летото 2021-ва година. Тоа беше најверојатно единствената грешка која ја направив на Европското првенство.

– Тоа беше на крајот, го прочитав летото на топката и мислев дека ќе ја искористам својата физичка сила за да застанам измеѓу Сака и топката. Сепак, тој се сврте околу мене и ми дојде да го грабнам. И мислам дека го грабнав навистина добро, – се потсетува Кјелини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни