Свет
Кјелини: Суарез ќе биде само просечен играч ако…..
Светското првенство во 2014-та година ќе се памети по историскиот потоп кој го претрпеа Бразилците во полуфиналето, по освоената титула на Германците во финалето со Аргентина, но дефинитивно и по несекојдневниот испад кој го имаше Луис Суарез на натпреварот против Италија.
Напаѓачот кој тогаш настапуваше за Ливерпул и кој беше лидер на уругвајската репрезентација имаше момент на помрачување, односно го гризна неговиот чувар, во случајот Џорџо Кјелини. Суарез и претходно го имаше направено тоа, но со оглед на сценариото и фактот што стануваше збор за меч на мундијал, тој доби драконска казна од ФИФА која ја одработуваше како фудбалер на Барса.
Шест години подоцна, Кјелини посветува дел во својата книга и на овој незаборавен момент, а иако и претходно го имаше нагласено тоа, капитенот на Јувентус сосема нормално ја доживува незгодата за која Уругваецот беше буквално „линчуван“ од јавноста.
– Вистината е дека го почитувам неговото зло во играта. Ако Суарез го загуби тој сегмент, ако ја загуби крволочноста, тој ќе биде само просечен играч. Ништо чудно не се случи тој ден на Светското првенство. Го маркирав Кавани во најголем дел од мечот, комплициран играч за чување. Одеднаш, сфатив дека сум гризнат на рамото. Едноставно се случи, но тоа е негова стратегија кога се бори еден на еден.
– Јас и Суарез сме слични, сакам да се соочувам со такви напаѓачи. Му се јавив неколку дена по мечот и сметав дека нема потреба да ми се извинува. И јас сум кучкин син на теренот и горд сум на тоа. Треба да знаете како да го надитрите противникот, – пишува Кјелини.
-
Игри на среќа24 часа
Евротип: Бомба од тикет за гигантска добивка
-
Лига на шампиони12 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет23 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Свет11 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Англија23 часа
Галас за потегот на Артета: Тоа покажува дека не е тренер од светска класа
-
Италија8 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија13 часа
Сатон го истипува со точен резултат новото премиерлигашко коло и финалето на Лига Купот
-
Англија22 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…