Поврзете се со нас

Европски првенства

Кјелини скокал од радост по израмнувачкиот гол на Италија и извикувал име на германски фудбалер (Видео)

Објавено

на

Италијанската репрезентација избегна пораз од Хрватска и буквално во последната кација ги попари „коцкестите“, а во нов национален херој прерасна Матија Закањи.

Фудбалерот на Лацио со прецизно одмерен удар го совлада Ливаковиќ и донесе реми за „аѕурите“, погодок кој значеше дека Италија и дефинитивно патува во осминафиналето.

Бранителот на титулата ќе има шанса да го чува својот трон и во нокаут фазата, а Џорџо Кјелини денеска ја сподели реакцијата која ја имал во студиото на „Фокс Спортс“.

Како стручен аналитичар на дербито, Џорџо не го криел воодушевувањето по голот на Закањи, но уште поинтересно било тоа што тој всушност најавил дека тој ќе биде спасителот на Италија.

Симпатично е и тоа што Кјелини во неколку наврати го извикува името на Филкруг, алудирајќи на тоа дека Италија го доби својот германски Филкруг во своите редови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни