Поврзете се со нас

Италија

Кјелини потврди дека останува во Јувентус: Сакам да освојам уште титули

Објавено

на

Ветеранот Џорџо Кјелини веќе еден месец официјално е без клуб, но се очекува тоа набрзо да се промени и тој да стави потпис на нов договор со Јувентус.

Имено стоперот кој беше извонреден на Европското првенство и беше меѓу најзаслужните за триумфот на Итилија обелодени дека се враќа во Торино гладен за да освои пехари.

-Сакам да подигнам уште трофеи, бидејќи тоа ве прави само погладен да го сторите тоа повторно – и носењето дрес на Јувентус без симболот на Скудето на градите претставува дополнителна мотивација. Ми требаат уште неколку дена да се одморам и да се опоравам од хаосот од минатиот месец, но во понеделник ќе бидам во Торино и сум среќен што повторно ќе започнам, -порача Кјелини кој во Јуве е од 2005 година и досега има освено многу титули, дадено 36 голови и запишано 24 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни