Поврзете се со нас

Европски првенства

Кјелини потврди дека го проколнал последниот англиски пеналџија на „Вембли“: Кирикочо! (Видео)

Објавено

на

Џорџо Кјелини како капитен на италијанската фудбалска репрезентација го подигна шампионскиот трофеј на „Вембли“ и истиот прв го донесе во Рим, но два дена по големото финале на Европското првенство, и сам ја потврди веста која веќе на големо стана хит во Јужна Америка.

Стоперот на Италијанците изговори еден збор пред пеналот кој го изведе Букајо Сака, или поточно, Кјелини го проколна младиот фудбалер на Арсенал со позната аргентинска изрека која има значење на клетва.

Кјелини извика „Кирикочо“ пред пеналот на Сака кој беше одбранет од страна на Донарума, што всушност е збор кој потекнува од Аргентина и кој е поврзан со легендарниот аргентински стручњак Карлос Билардо и приказна која датира од 1982-ра година. Човекот кој и ја донесе светската титула на Аргентина во 1986-та година го водел Естудијантес четири години претходно, но во тоа време, направил потег кој и ден денеска се раскажува во оваа земја од Јужна Америка, а се актуелизираше по реакцијата на Кјелини.

Билардо разбрал дека голем дел од неговите фудбалери се повредуваат и доживуваат непријатни работи кога на тренингот и на трибините се појавува фанот со име „Кирикочо“, па решил истиот да го испрати на тренинзите на ривалските клубови со цел малерот да го префрли кај противниците. Бидејќи Естудијантес станал шампион и неговата тактика излегла успешна, зборот „Кирикочо“ има значење на проклетство во Аргентина, а сега и самиот Кјелини призна дека го проколнал Сака пред решавачкиот пенал.

– Ви потврдувам се! Кирикочо!, – вели Кјелини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни