Поврзете се со нас

Италија

Кјелини: Погба сите не изненади, никој не очекуваше…

Објавено

на

Капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини во својата автобиографија напиша доста интересни работи за многу свои соиграчи, колеги, одиграни натпревари, а тие негови забелешки, ставови сега се достапни за јавноста.

Меѓу луѓето за кои отворено Кјелини говори е и Пол Погба кој во 2012 година како млад, слободен играч пристигна од Манчестер Јунајтед. Тогаш малкумина го знаеја Французинот, па дури во таборот на Јувентус, играчите сметале дека ова ќе биде само уште еден фудбалер што ќе помине низ Торино.

-Се сеќавам кога дојде. Три или четири дена по доаѓањето, јас и моите соиграчи се погледнавме едни со други и рековме: „Ова момче енавистина добро“. Тој дојде како слободен агент од Манчестер Јунајтед, беше многу млад и си мислевме дека е само еден од многуте кои поминуваат. Еден од оние што ги користат клубовите за да работат на пазарот.

-Сепак … Никој не очекуваше ваков шампион. Пол се движеше со неверојатната физичка градба, беше магичен, импресивен. И да кажам дека првите натпревари ги одигра надвор од позиција, пред одбраната за да му олесни на Пирло. Ама познавајќи го него, во времето што доаѓаше стана јасно дека улогата го ограничила. Пол не можеше да го отвори својот чекор и да ја ослободи својата физичка и техничка ароганција што ќе му овозможи да стане сериозен играч од шестнаесетник до шестнаесетник што го знаеме, -вели Кјелини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни