Поврзете се со нас

Италија

Кјелини по победата на Јувентус: Зборовите на Алегри ме трогнаа

Објавено

на

Foto: twitter.com/juventusfc

Јувентус комотно славеше на гостувањето кај Салернитана и победи со 0:2 на натпревар на кој беше задолжително да се освојат трите бода, а по триумфот, со интересна изјава се јави Џорџо Кјелини.

Капитенот на Јуве вели дека круцијална улога за лесното издание имал тренерот Масимилијано Алегри, кој ги потсетил ѕвездите на тимот што клубот има направено за нив во изминатите десетина години.

– Зборовите на Масимилијано Алегри пред мечот беа навистина убави и ме трогнаа. Овој клуб нам ни даде толку многу, сега е време да му вратиме назад.

– Има моменти од животот кога сте навистина импресиониран од нешто, а зборовите на тренерот побудија токму такво чувство кај мене. Јувентус ни даде многу на мене и на сите мои соиграчи и сега мора да возвратиме назад.

– Тоа беа зборовите кои ни ги испрати Алегри пред мечот. Мора да останеме блиски сите во клубот, само заедно ќе излеземе од оваа ситуација, – изјави капитенот Кјелини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни