Поврзете се со нас

Италија

Кјелини откри што направил кога првпат гледал натпревар на Мбапе во ЛШ

Објавено

на

Foto:twitter.com/LAFC

Џорџо Кјелини е изненаден од неколку одлуки на Лучано Спалети и верува дека истите се покажале како вистински на натпреварот против Албанија, но воглавно гледано, има добро чувство околу подготовката која ја прави новиот италијански селектор.

Легендата на Јувентус има само добри зборови за искусниот стручњак, но во своето обраќање кое го имаше за домашните медиуми, ја коментираше и една од најголемите ѕвезди на турнирот во Германија.

Кјелини откри дека првпат го гледал Мбапе на натпревар во Лигата на шампионите во 2017-та година, по што веднаш му се јавил на Паратичи кој во тоа време беше директор на Јувентус.

– Првпат го гледав Мбапе во еден од неговите први натпревари во Лигата на шампиони. Тоа беше во 2017-та година и гледав како игра против Манчестер Сити. Веднаш потоа му се јавива на Паратичи во 23 часот навечер и го прашав: Кое е ова момче?, – открива Кјелини.

– Италија? Навистина имам добро чувство за овој тим, Спалети е вистински погодок. Ме изненади со неколку одлуки и не очекував Киеза да игра на десната страна. Не очекував и толку играчи во средина, ме изненади и со Калафиори. Тој беше во право за секоја одлука, имам навистина добро чувство за Италија, особено за пласман во следната фаза. За понатаму, никој не може да предвиди што ќе се случи, – изјави Џорџо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни