Поврзете се со нас

Италија

Кјелини обелодени кои зборови постојано ги повторувал Игуаин по фамозниот трансфер во Јуве

Објавено

на

Џорџо Кјелини е планетарен хит со својата автобиографија во која има опфатено различни сегменти и повеќе карактери кои се важни во неговата играчка кариера, а капитенот на Јувентус има посветено дел и за играчот кој предизвика вистински бум во Италија пред неколку години.

Гонзало Игуаин се најде на мета на фановите на Наполи откако направи „предавнички“ трансфер во Торино, а иако Кјелини потенцира дека на почетокот чувствувал омраза кон Аргентинецот, со текот на времето сфатил дека станува збор за навистина добро и скромно момче.

– Игуаин е силно момче, голем играч. Секако, станува збор за мирен и повлечен човек, но пред се има големина. Интересно е кај него што секогаш сака да почувствува хемија околу него за да се чувствува комотно, навистина го сакам.

– Но, морам да кажам дека е и многу чувствителен. Дури би рекол и дека премногу е чувствителен, па некои натпревари навистина многу тешко ги поднесе, – вели Кјелини кој исто така открива кои биле првите зборови на Гонзало кога пристигнал во Торино.

– Се сеќавам на неговите први денови во Јувентус. Излегуваше да земе пијалок и фановите бараат фотографии од него. Постојано ми повторуваше дека „ова е рајот“. И навистина е така, Јувентус е рај, Јувентус е семејство во секоја смисла на зборот, – порачува Кјелини.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни