Италија
Кјелини: Никогаш не влегувајте во канцеларијата на Сари после туширање
Џорџо Кјелини не престанува да ја „бомбардира“ јавноста со своите извадоци од автобиографијата која веќе предизвика голем бум во Италија, но наспроти сите провокативни делови кои им ги посвети на Марио Балотели, Фелипе Мело и Серхио Рамос, во книгата говори и за актуелниот тренер на Јувентус.
Не треба да се заборави дека капитенот веќе откри дека му простил на Антонио Конте за преминот во Интер само поради тоа што му е добар пријател и огромен професионалец, но во своето дело, има посветено и пасус за Маурицио Сари кој го презема италијанскиот првак минатото лето.
– Кога работите со Сари, секогаш ја барате перфекцијата. Сака 100 проценти од секој играч и сака максимален посед на топка во противничката половина. Тоа е утопија, но таквиот начин на размислување го донесе до таму кадешто е денес, – вели Кјелини.
Искусниот стопер е лидер и капитен и во тимот кој го диригира Сари, а покрај неговиот начин на работа, говори и за неверојатната завист на стратегот, односно страственото пушење.
– Единствена работа за која не можете да реагирате кај него е прекумерното пушење на цигари. Се разговара со него во неговата канцеларија само пред да одите на туширање. Никогаш не влегувајте во канцеларијата на Сари после туширање. Ако го направите тоа, неверојатно многу ќе смрдите на тутун, – потенцира Кјелини.
-
Балканпред 21 час
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шахпред 7 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 7 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 6 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 12 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 12 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Англијапред 22 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик