Кјелини не штедеше комплименти за Кејн: Може да се сопре само на еден начин

kjelini-kejn

Јувентус како домаќин оваа вечер ќе го пречека Тотенхем во првиот меѓусбен дуел во осминафиналето во Лигата на шампионите, натпревар пред кој јавноста во Италија секако посебен акцент стави на најдобриот играч на гостите од Англија, Хари Кејн.

Напаѓачот на Тотенхем игра во страшна форма и 2017 година ја заврши како најдобар голгетер во Европа, а иако Јувентус важи за тим кој има една од најдобрите и најконстантни одбрани во светот, искусниот Кјелини смета дека мора специјално да се подготват за него.

– Јас не сум арогантен, свесен сум дека не можам сам да се справам со него. Еден на еден, сигурно нема да добијам дуел со него. Потребно е да играме тимски, тимски Јувентус може да го спречи Кејн, може да го сопре Тотенхем. Кејн во овој момент е еден од најелитните игачри во светот. Со головите кои константно ги постигнува во изминативе години, тој го заслужува епитетот еден од најдобрите. Кејн е на нивото на Меси, Роналдо и Нејмар. Тој е еден од оние играчи кои не можат да се заменат во тимот, – смета стоперот на Јуве.

Facebook Коментари