Поврзете се со нас

Италија

Кјелини ја заврши сезоната со пукната аркада, Јувентус со катастрофална статистика во поразот од Фиорентина (ВИДЕО)

Објавено

на

Фиорентина го победи Јувентус со 2:0 во натпревар од последното коло во Серија А (2:0), со што успеа да избори место во Конференциската лига на УЕФА.

Головите на Данкан во првото и Гонзалес од пенал во второто полувреме му донесоа важна победа на тимот од Фиренца во дуелот со ривалот од Торино, а поразот на Аталанта од Емполи значи дека составот од Бергамо останува без пласман во европските купови.

Јувентус ја заокружи сезоната со уште еден блед настап, капитенот Џорџо Кјелини го заврши последниот настап со пукната аркада, додека овој дуел беше збогување со црно-белиот дрес и за Дибала и Бернардески.

Влаховиќ влезе во завршните петнаесет минути, се врати и МекКени, а за фановите на Јувентус поразителна е информацијата дека тимот на Алегри немаше ниту еден удар во рамките на голот во Фиренца.

„Бјанконерите“ ја завршија сезоната на четвртото место, пред Лацио кој вечерва одигра 3:3 во дуелот со Верона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни