Поврзете се со нас

Европски првенства

Кјелини ја загрева атмосферата пред ЕП: Не се победува со посед на топка

Објавено

на

Foto:twitter.com/LAFC

Џорџо Кјелини беше еден од хероите на Италија во шампионскиот поход на последното Европско првенство, но за разлика од пред три години, легендарниот стопер сега ќе биде само навивач плус на трибините.

Кјелини го направи епскиот старт над Сака и спречи стопроцентна шанса во самиот финиш од финалето, па токму поради тоа доби и херојска улога откако Италија подоцна беше подобра во пенал рулетот.

На новиот турнир во Германија, Италија се најде во тешка група и ќе ги одмери силите со Шпанија и Хрватска уште во раната фаза, но во најавата за овие средби, Џорџо не пропушти шанса да ги „пецне“ Шпанците кои загубија во полуфиналето пред три години.

– Титулата која ја освоивме во Англија беше кулминација на патот кој го почнавме три години претходно. Големото разочарување и неиграњето на Светското првенство во 2018-та, не натера да бидеме тим.

– Пред да ја освоиме титулата, победивме ривал кој беше многу посилен од нас со топката во нозе. Шпанија имаше 70 проценти посед на топка, а Дани Олмо беше речиси несопирлив. На крајот, во фудбалот се бројат головите. Јасно е дека не се победува само со посед на топка, – порачува Кјелини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни