Лига на шампиони
Кјелини ја откри вистинската причина за поразот на Јувентус од Реал во финалето на ЛШ: Многу се зборуваше…(ВИДЕО)
Италијанскиот дефанзивец, Џорџо Кјелини во својата автобиографија се отвори за многу работи во својата кариера, за многу моменти, а меѓу нив е и финалето на Лигата на шампионите во 2017 година, финале кое Јувентус го загуби од Реал Мадрид со 4-1.
„Бјанконерите“ беа рамноправи во првиот дел (1-1) за да во продолжението потонат во Кардиф, па многу се зборуваше за тоа што се случило на паузата и тоа дали имало расправија во соблекувалната.
-Многу се зборуваше за фамозното финале во Кардиф и поразот од Реал Мадрид. Па, ништо чудно не се случи. Бевме само уморни. Зошто би престанале да се бориме откако израмнивме. За што? Не губевме со 3-0, па дури и тогаш не би имало смисла.
-Ништо сензационално не се случи на полувреме. Никој не се тепаше. Загубивме затоа што бевме исцрпени. Финалето секогаш доаѓа премногу доцна за нас. Бевме крајно исцрпени по првото полувреме.
-Манџукиќ едвај можеше да оди, исто и Пјаниќ. Двајцата добиваа лекарски третман додека Алегри зборуваше. Бевме без здив. Си рековме дека ќе се вратиме. Беше 1-1, но потоа заврши драматично, -напиша Кјелини.
-
Шпанија10 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
НБА10 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Лига на шампиони12 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
НБА13 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Англија11 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
Лига на шампиони7 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони
-
Шпанија5 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Бордалас расплака играч на Хетафе, па порача: Ова е професионален фудбал