Поврзете се со нас

Италија

Кјелини ја објасни разликата меѓу Премиер лигата и Серија А на брутален начин

Објавено

на

Foto:twitter.com/LAFC

Џорџо Кјелини сезонава се бори за титулата во МЛС, но не ја заборава и Серија А, каде ги следи сите случувања и актуелни теми.

Во своето интервју за „Атлетик“, италијанскиот ветеран зборувал отворено за големата разлика која е веќе реалност при споредбата на англиската Премиер лига и Серија А.

– Во моментов, Вест Хем е на исто ниво со најдобрите екипи од Серија А.

– Дали ги гледате Смолинг, Томори и Лофтус-Чик? Физички, тие се три пати поподготвени од најголем број играчи во Италија.

– Фудбалерите од Премиер лигата имаат физичка доминација која им овозможува да ја уништат конкуренцијата, – изјавил Кјелини.

На прашањето дали бил блиску до трансфер во англиски клуб, Џорџо одговорил искрено.

– Не бев многу блиску. Кога бев на врвот на мојата кариера, тоа за мене ќе беше перфектен предизвик, но не можеш да одиш таму кога не си во најдобрите години. Таму е тешко, се работи за физички исцрпувачки првенство, навистина не ми е јасно како Тиаго Силва игра на таа возраст, – рекол Италијанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни