Поврзете се со нас

Италија

Кјелини го спореди заминувањето на Роналдо со земјотрес: Како и за се, потребно е време за..

Објавено

на

Најискусниот фудбалер од редовите на Јувентус, Џорџо Кјелини го коментираше лошиот почеток на сезоната за неговиот тим.

Клубот од Торино претрпе големи промени помеѓу двете сезони, од клубот си замина најдобриот играч Кристијано Роналдо, а на клупата се врати Масимилијано Алегри.

Ваквите промени, Кјелини ги спореди со земјотрес и побара трпение од навивачите додека клубот не почне да чекори на вистинските патеки.

– Мора да го одржиме нашиот брод мирен во разбрануваното море. Ќе видиме дали ќе излезем од оваа ситуација малку разнишани или со полни едра, но секако ќе стигнеме на копно.

– Како и за се, потребно е време да се пронајде рамнотежа. Кога постојат големи шокови, како земјотресите, потребно е малку време да се среди се и полека повторно да почне да се развива. Зa жал, во денешниот свет нема трпение, -изјави Кјелини алудирајќи на заминувањето на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни