Поврзете се со нас

Свет

Кјелини го потврди клубот во кој ќе ја продолжи кариерата (ВИДЕО)

Објавено

на

Италијанскиот дефанзивец, Џорџо Кјелини ја заврши соработката со Јувентус, но не и неговата играчка кариера која одлучи да ја продолжи надвор од Европа.

Тоа што медиумите веќе извесно време го најавуваа денеска го потврди Кјелини кој се огласи на социјалните мрежи со едно кратко, јасно видео во кое го потврдува новиот клуб-тоа е МЛС составот Лос Анџелес ФК.

-Ново (следно) поглавје, -напиша Џорџо притоа објавувајќи видео во опремата на клубот чии бои ќе ги брани во иднина.

Големиот борец скоро две децении играше за Јувентус, период во кој освои многу трофеи меѓу кои девет пеари во низа во Серија А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни