Поврзете се со нас

Европски првенства

Кјелини го посочи виновникот за елиминацијата на Холандија: Малите детали прават разлика…(ВИДЕО)

Објавено

на

Англија со гол во самата завршница, судиското продолжение ја совлада Холандија (2-1) и на тој начин избори место во финалето на 17. Европско фудбалско првенство во Германија.

Се некако мирисаше, изгледаше дека ќе гледаме дополните 30 минути на „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд, но резервистот Оли Воткинс одлично се снајде во 91 минута и ја смести топката во мрежата на „лалињата“ за триумф и пласман во наредната фаза.

Прославениот италијански ас Џорџо Кјелени внимателно ги следи сите натпревари, па од свое искуство смета дека дефанзивецот Стефан Де Фрај направил грешка при клучниот момент на натпреварот.

-Малите детали ја прават разликата. Потегот на Воткинс беше исправен, но тој беше насочен кон корнер знаменцето. Тој не беше опасен. Единственото нешто што еден одбранбен играч не смее да го направи [во таа ситуација] е да се обиде да ја добие топката. Покривањето на просторот кон далечната статива му овозможува на голманот лесно да одбрани. Не треба да ја пресретнувате топката затоа што ако ви оди меѓу нозете…

-Тоа беше гол што можеше да се избегне, жал ми е затоа што Стефан е одличен дефанзивец и одигра толку добро на овој турнир. Сепак, разликата помеѓу победа и пораз, кревање и некревање трофеј, често се сведува на овие мали детали, -порача Кјелени кој со Италија освои пехар на претходнот ЕП.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни