Поврзете се со нас

Свет

Кјелини го „пецна“ Рамос за повредата која му ја нанесе на Салах: Маестро Серхио знаеше што прави

Објавено

на

Џорџо Кјелини не остави никого рамнодушен со своите ставови кои ги изнесе во својата автобиографија, книга во која интересно има посветено дел и за најдобриот дефанзивец во светот, кој според него е капитенот на Реал Мадрид.

Кјелини е убеден дека Серхио Рамос е најдобар дефанзивец во светот поради две карактеристики, но сепак не пропушти и да го „поздрави“ за прекршокот и повредата која му ја нанесе на Мохамед Салах во финалето во Лигата на шампионите пред две години.

Иако Рамос нагласи дека тоа се случило случајно, Кјелини е уверен дека Серхио точно знаел што прави во дадената ситуација.

– Капитенот на Реал е најдобар дефанзивец во светот. Може да кажат дека е импулсивен, дека не знае да игра тактички, дека поради негова вина паѓаат по осум или десет гола во една сезона. Но, тој е технички неверојатен, може да игра како напаѓач, тој е комплетен контраст на мене. Има две карактеристики кои ги нема ниту еден друг дефанзивец, техника и чувство за гол.

– Исто така, посебен и со интервенции кои и пркосат на логиката, вклучувајќи и повреди кои прават драстична разлика на теренот. Тоа што го направи со Салах беше маестрално. Маестро Серхио секогаш вели дека било ненамерно, но беше свесен дека паѓајќи со него на тој начин со цела своја тежина, ќе му го скрши рамото во девет од десет пати, – тврди Кјелини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни