Поврзете се со нас

Свет

Кјелини го избра најдобриот дефанзивец од неговата генерација: Никој не може да му се приближи

Објавено

на

Foto:twitter.com/LAFC

Џорџо Кјелини реши да стави крај на играчката кариера на 39-годишна возраст и се повлече како дел од американската МЛС лига, но претходно сета своја слава ја стекна како играч на Јувентус и стандарден член на италијанската репрезентација.

Кјелини речиси две децении важеше за еден од најдобрите стопери во светот и неговата пожртвуваност и денеска служи како пример за многу млади генерации во Италија, но кога беше запрашан да го избере најдобриот дефанзивец од неговата генерација, Џорџо воопшто не се двоумеше.

Поранешниот централен дефанзивец сега како голем фан на Италија ги следи сите случувања на Европското првенство, но во моментов не гледа ниту приближно добар стопер какошто своевремено беше Серхио Рамос.

– Селекторот на Шпанија одлучи да не го повика за националниот тим, а јас не можам да се мешам таму. Без оглед на тоа, никој не може да се посомнева во неговиот квалитет.

– Тој беше најсилниот и најклучниот дефанзивец во мојата генерација. Тој беше пример за тотален фудбалер, неговиот карактер отвораше нови хоризонти за неговиот тим. Никој во актуелниот фудбал не може да му се приближи, никој не може да се спореди со најдобриот Рамос. Со цела почит кон сите, никој во светот не може да му се приближи, – потенцира Кјелини во интервјуто за „АС“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни