Италија
Кјелини го именуваше соиграчот кој пиел повеќе од што треба: Алкохолот му беше слабост
Извадоците од автобиографијата на Џорџо Кјелини експресно донесоа бура од реакции во италијанската спортска јавност, а по пасусите кои им ги посвети на Марио Балотели и Фелипе Мело, капитенот на Јувентус издвоил време и за поранешниот соиграч, Артуро Видал.
Кјелини го именуваше актуелниот играч на Барса како фудбалерот кој сакал да испие некоја чаша повеќе, но истовремено нагласи дека Чилеанецот е фантастичен професионалец кој секогаш бил радосен и среќен на тренинзите.
Артуро му беше соиграч на Кјелини од 2011-та до 2015-та година, период во кој заедно освоија четири титули во Серија А.
– Фудбалерот не е ѓавол или светец. Постојат само реални и лажни фудбалери. На пример, Артуро Видал сакаше да излегува и да испие повеќе од што треба. Секој го знаеше тоа. Може да се каже дека алкохолот беше негова слабост. Како и да е, тоа не го доведува во прашање фактот дека тој е шампион и добра личност.
– Слабоста е дел од секое човечко битие. Ќе биде лошо ако има негативни последици во тимот. Со Артуро не беше така, тој секогаш беше радосен на тренинзите. Никогаш не потпадна, тоа го направи уште посилен, – потенцира Кјелини.
-
Англија16 часа
Слот: Не ми е жал за Гвардиола
-
Италија13 часа
Одлични вести од Италија: Лекарите го екстубирале Бове, фудбалерот почнал да одговара на првите прашања
-
АТП16 часа
Последниот тениски танц во Буенос Аирес донесе многу солзи: Ѓоковиќ и Дел Потро заедно плачеа на теренот (Видео)
-
Свет14 часа
Херојски чин: Рики Пуч асистираше за финале со скинат преден вкрстен лигамент! (Видео)
-
Англија15 часа
Поранешна ѕвезда на Арсенал: Артета ми порача дека сум му забил нож во грб, па потоа завршив во Челси
-
Франција10 часа
Хесе: Ал Келаифи повеќе ја сакаше мојата сопруга отколку мене………..
-
Европски првенства4 часа
Две различни полувремиња: Македонија со пораз го заврши настапот на ЕП
-
Англија14 часа
Две ѕвезди на Јунајтед сами се прецртаа за дербито со Арсенал (Фото)