Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кјелини: Еден играч на Реал ни го уништи планот во финалето во ЛШ

Објавено

на

Foto:twitter.com/LAFC

Џорџо Кјелини остави трага како еден од најдобрите стопери во последните две децении, а како реномиран фудбалер кој неодамна замина во пензија, сега се приклучи во „Оверлап“ шоуто на Невил, Карагер и Кин.

Легендарниот играч на Јувентус освои се што може да се освои на домашна сцена во Италија, но за жал не успеа да го зграпчи и трофејот во Лигата на шампионите, оној до кој беше толку блиску, но и толку далеку во 2017-та година.

Јувентус загуби од Реал Мадрид во големото финале во Берлин со 4:1, а иако Кристијано Роналдо постигна два гола на оваа средба, според Кјелини, играчот кој го уништил планот на „старата дама“ бил Иско Аларкон.

– Две години претходно, во 2015-та година ги елиминиравме во полуфиналето со напаѓачката тројка Роналдо, Бензема, Бејл, но и со Хамес Родригез во средниот ред. Но, во финалето во Берлин играа со други двајца играчи, Касемиро и Иско.

– Можевме да се справиме со Бејл, знаевме како се движи и беше предвидлив, но Иско таа сезона беше неверојатен. Тој беше крајно непредвидлив и го скрши нашиот план. Тој беше незадржлив и сосема непредвидлив за нас. Беше незадржлив бидејќи правеше ситуации на левата, на десната страна, но и во средината. Најтешки за чување се непредвидливите играчи како Иско, – порачува Кјелини.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни