Свет
Кјелини директно посочи зошто Мбапе е подобар од Нејмар
Капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини смета дека Килијан Мбапе е подобар од неговиот соиграч Пари Сен Жермен, Нејмар Жуниор.
Стоперот верува дека пред Французинот е светла иднина, а воедно обелодени кога првпат го видел младиот напаѓач и каква била неговата реакција.
-Мислам дека Мбапе е подобар од Нејмар затоа што е поконзистентен. Иднината му припаѓа на него. Тој е навистина уникатен играч. Првиот пат кога го видов како игра беше во ЛШ во сезоната 2016/2017 за време на дуелот меѓу Манчестер Сити и Монако. Беше многу импресивен.
-На крајот на првото полувреме, го прашав спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратити: „Кој е тој? Од која планета дојде? Фабио ми одговори: „Да, знам. Ние знаеме за него долго време“. Беше незапирлив напаѓач, а имаше само 18 години. Таа година се соочивме со нив во полуфиналето. Сега има 21 година и тој веќе е светски шампион.
-Аура, техника, инстинкт, ништо не му недостасува. Тој е играч што дава нешто што е непроценливо ремек-дело, -вели Кјелини во неговата автобиографија.
-
Шпанијапред 23 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 24 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
АТПпред 12 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Англијапред 22 часа
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
Англијапред 8 часа
Њукасл го исфрли Сити од Лига Купот, нова „два во еден“ партија на Ливерпул (ВИДЕО)
-
Италијапред 8 часа
Кварацхелија конечно стави крај на црната серија: Ми фалеше ова чувство…(ВИДЕО)