Поврзете се со нас

Италија

Кјелини брзо му се извини на Балотели: Направив грешка, преземам одговoрност

Објавено

на

Фудбалерот на Јувентус, Џорџо Кјелини предизвика лавина од реакции откако во интервју за „Ла Република“ ја промовираше својата автобиографија.

Тогаш Кјелини истакна дека се што пишува во автобиографијата е вистина и посочи дека Марио Балотели е еден од најлошите фудбалери со кого има играно.

Кјелини бил незадоволен од односот на Балотели на Купот на Конфедерациите во 2013 година, а во својата книга напиша дека играчот нема почит кон останатите соиграчи и дека е негативна личност.

Балотели не чекаше многу, па брзо му одговори на Кјелини потенцирајќи дека тој барем има храброст на сите во лице да им каже што мисли.

Сега, се чини и двајцата ги закопаа „воените секири“ откако гостуваа на една емисија во Италија.

– Размислував дали да ги ставам критиките, но да не кажам ништо лошо. Ти тогаш ми изгледаше како неискрена личност. Ја преземам одговорноста, направив грешка, -изјави Џорџо Кјелини, а на тоа му возврати Балотели.

– Иако ми заби нож во грбот и натаму те сакам. Ова е прв пат ти да згреши, а јас не. Искрено, не ги очекував тие зборови од тебе. Јас не сум негативна личност, постојано се шегувам, -му кажа Балотели.

Кјелини потоа му рече на Балотели дека како гест на извинување ќе му испрати примерок од својата книга на Балотели, а контроверзниот напаѓач во свој стил му возврати да ги искине страните каде што пишува негативни работи за него и да му ја прати така.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни